• Мартин Танасковски

Екипата на Грасхоперс на домашен терен славеше над Лозана (2-0) во рамки на второлигашкиот швајцарски шампионат, а македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев беше еден од стрелците.
Крилниот играч мечот го почна на клупата, а на терен влезе на самиот старт на второто полувреме. И ја оправда довербата на тренерот, затоа што ја потврди победата на домаќинот. Ѓорѓев во листата на стрелците се запиша во 91. минута, за конечни 2-0.
За Ѓорѓев ова беше прв гол по пауза од три натпревари, или вкупно четврти во дресот на Грасхоперс оваа сезона.
Грасхоперс се зацврсти на првата позиција на табелата во швајцарската Челинџ лига и е главен фаворит за промоција во елитниот шампионат.