Никола Филевски застана на голот на Борец

Младиот голман Никола Филевски е нов фудбалер на второлигашот Борец. Ова младо момче има 19 години и доаѓа од прволигашот Вардар.

Никола е син на поранешниот македонски голман Антонио Филевски, кој важи за една од најголемите легенди на Вардар. Никола исто како Антонио своето деби како професионалец го имаше токму во редовите на Вардар. Сепак, по потрага по поголема минутажа потпиша за Борец и очекува преку настапите во ВМФЛ да се наметне.

Велешкиот клуб ова лето ги доведе: Давид Блажевски, Кристијан Јордановски, Стојан Петковски, Горан Димовски, Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берант Исмаил и Флорент Османи

По првите три кола во Втората лига, екипата на Борец уште нема бодови на своето конто.