• Редакција Gol.mk

Репрезентативниот голман до 20 и 21 година, Никола Филевски, и во новата сезона ќе го брани голот на Брегалница. Тој се враќа во Штип по неуспешниот обид да реализира трансфер во Јавор Ивањица. Заради строгите правила на Фудбалскиот сојуз на Србија и лимитираниот број на фудбалери надвор од Европската унија во ростерот, Филевски не беше регистриран во клубот од Ивањица.
По враќањето во Македонија, Никола Филевски потпиша нов договор и се обрвза на верност кон штипјани и за сезоната 2026/27.
Никола Филевски е син на поранешниот репрезентативен голман Антонио Филевски. Имаше забележителни настапи во младинските и сениорските македонски клубови на Вардар, Борец, Силекс и Брегалница, како и за повикот во репрезентативните селекции.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


