Никола Димовски се раздели со Ком, ќе бара нова средина

Македонскиот фудбалер Никола Димовски ќе бара нова средина, затоа што се раздели со црногорскиот тим Ком.

Димовски пристигна во екипата кога тренер беше Виктор Треневски, некогашниот стратег на Работнички. Напаѓачот доби мала минутажа во изминатиот период, па реши предвреме да го раскине договорот и да тргне во потрага по нов тим.

Фудбалерот во минатото беше дел од селекцијата на ФФМ, а играше за Академија Пандев и ФК Скопје.