Никола Димовски му се приклучи на Треневски во Ком

Македонскиот фудбалер Никола Димовски почна интернационална кариера и првата станица ќе му биде црногорски Ком.

Тимот во кој тренер е Виктор Треневски, некогашниот стратег на Работнички, се одлучи во своите редови да го донесе 20-годишниот напаѓач.

Димовски тренираше со тимот, одигра и неколку пријателски средби, по што е потпишан договор за соработка.

Фудбалерот во минатото беше дел од селекцијата на ФФМ, а играше за Академија Пандев и ФК Скопје.