Никола Брауновиќ ќе го зацврсти стредниот ред на Силекс

Екипата на Силекс го промовира новото име за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. 

Кратовчани се пофалија со потписот на Никола Брауновиќ кој има потекло од Црна Гора, но и државјанство на Малта. Токму од оваа островска земја 26-годишникот доаѓа во редовите на Силека, а таму настапуваше за екипата на Балзан. Брауновиќ ќе биде засилување за средниот ред во тимот на Александар Васоски.

Тој настапува на позицијата централен, но и дефанзивен играч за врска па се очекува да го зацврсти овој дел од тимот на Силекс. Во минатото беше дел и од Моста и Сенглеа Атлетик на Малта, додека во Црна Гора настапуваше за екипата на Бокељ.

Досега Силекс се засили со Валентин Кочоски, Ангелче Тимовски, Ален Јашароски, Илија Донов и Дарко Додев.