Никој не верува во чесен меч: Џенова и Пандев веќе имаат опстанок!?

Италијанската Серија А ќе го доживее својот крај, а последната борба ќе биде за опстанок меѓу Џенова на Горан Пандев и на Лече во рамки на последната рунда.

Џенова ќе биде домаќин на Верона, додека Лече ќе се соочи со Парма. Џенова има еден бод повеќе, па ја има предноста во борбата за опстанок. Италија верува дека тимот на Пандев ќе се спаси, а причината е тренерот на гостите.

Се работи за Иван Јуриќ кој сега ја предводи Верона, а претходно работеше во Џенова. Се верува дека тука ќе влијае претходната блискост на стратегот со управата на тимот и дека популарните „грифони“ ќе добијат лесен триумф. Исто така треба да се издвои и Португалецот Мигел Велосо, кој игра за Верона, а своевремено настапуваше за Џенова. Тој е семејно врзан со првиот човек на неговиот вечерашен ривал, бидејќи е зет за ќерка на претседателот на Џенова.

Натпреварот меѓу Џенова и Верона се игра од 20:45 часот, а во ист термин ќе биде и дуелот Лече - Парма.