„Никој не сакаше да земе „нездрава“ храна, сите гледаа што јаде Роналдо...“

Роналдо

Кристијано Роналдо и неговата дисциплина променија неколку навики во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

Кам-бекот на Португалецот на „Олд Трафорд“ донесе мал притисок за неговите соиграчи. Интересна анегдота сподели голманот Ли Грант и раскажа што се случи на вечерата пред мечот со Њукасл Јунајтед.

„Петок е, ние вечераме во хотелот и сите сме свесни дека доаѓа време кога „изневеруваме“, кога е во прашање храната. Земаме малку јаболка, малку торта или крем. Сепак, ниту еден играч не се осмели  да стане и да тргне кон тортата.

Еден од момците ми рече: „Што има Кристијано на чинијата?“. Малку ја подигнавме главата и сфативме дека тоа е најздравата чинија што можете да ја замислите. Некако бев малку тажен што никој од играчите не стана да земе малку од таа „нездрава“ храна“, раскажа искусниот чувар на мрежата.

Роналдо се врати со два гола во победата над Њукасл. Неговата мајка прсна во плач поради начинот на кој што португалскиот фудбалер одново се претстави пред навивачите на Јунајтед.

>>> Португалска фешта во Манчестер: Роналдо и Бруно го средија Њукасл! (ВИДЕО)