Никој не сака на „тест“ дуел со Франција пред ЕУРО 2020

Со жрепката сите ги дознаа совите противници за претстојното Европско првенство идната година, а конечните групи можат да претрпат само минимални промени. Се тоа е во зависност од бараж дуелите во Лигата на нации. 

Додека се игра плеј-офот, оние кои веќе обезбедија пласман се очекува да ги имаат последните тест мечеви пред првенството. Сепак светскиот првак Франција има проблем и не може да најде достоен противник за пријателски средби. 

Според медиумите, најдобропласираната Белгија не сака да игра пријателски средби со Франција, за да не се случи пред ЕУРО да го загуби лидерското место на ФИФА ранг листата. Исто така сакаат да ја избегнат шансата, доколку претрпат висок пораз да се уништи атмосферата во тимот. 

Франција нема да може да игра ниту со Англија и Италија, кои би играле меѓу себе на тест дуели. „Гордиот Албион" исто така не сака да ризикува и посакува да ја задржи позитивната атмосфера пред ЕП. „Триколорите" ќе мора да направат добри припреми бидејќи на турнирот ќе играат против Германија и Португалија

Дидие Дешамп е пред „слатки маки„ во изборот на офанзивната линија на својата земја. На богатата листа офанзивци се наоѓаат: Гризман, Мбапе, Жиру, Бен Једер, Лемар, Коман, Марсијал, Тован, Фекир, Паје и повредениот Дембеле. „Стравот" на Англија, Италија и Белгија можеби е и реален, кога ќе се погледне овој список.