• Горан Упале
Англиската фудбалска репрезентација уште еднаш не успеа да освои трофеј од едно големо натпреварување, вторпат по ред беше поразена во финалето на Европското првенство, а сега полека на површина излегува целиот „валкан веш“.
По осум години, селекторот Герет Саутгејт ја напушти клупата на „Гордиот Албион“, а медиумите во Велика Британија пишуваа дека во репрезентацијата на Англија владеела многу лоша атмосфера за време на европскиот шампионат.
Наводно, репрезентативците на „Гордиот Албион“ не сакале да го прифатат Џуд Белингем за предводник на тимот и повеќето од нив не сакале да се дружат со играчот на Реал Мадрид. Според истите информации кои ги пренесува угледниот „Атлетик“, само Трент Александер-Арнолд бил во добар однос со Белингем, додека сите останати се држеле на дистанца од него.
И на другите англиски репрезентативци им пречеше рекламната кампања во која се наоѓа играчот на Реал Мадрид и на која пишуваше „Еј Џуд“ како алузија на песната на Битлси која стана една од химните на навивачите, во која Белингам е претставен како некој од кого зависи иднината на репрезентацијата.