„Никој не е подобар од Пандев, со својата класа е пример за сите“

Синоќа, Горан Падев постигна ретко виден гол на фудбалските терени, откако ја завери победата на Џенова над Верона од 3-1. Нашиот капитен погоди во стилот на Марадона, Тоти, Руни, а по мечот истакна дека токму овој погодок можеби е неговиот најубав во својата кариера. 

Пофалбите на адресата на Пандев пристигнуваат од секаде, а рамнодушен не остана ниту тренерот на Џенова, Давиде Балардини. Искусниот стратег изјави дека е горд што во тимот има играч каков што е Пандев и дека со неговата класа е пример за сите фудбалери на овој тим.

„Пандев со својата класа е пример за сите фудбалери на овој тим. Никој не е подобар од Пандев, никој не функционира на теренот без него. Соиграчи се обидуваат да му помогнат и да го имитираат во тоа што го прави. Горд сум што во тимот имам таков играч“, вели Балардини.

До крајот на сезоната во Серија А преостануваат уште четири кола, а Џенова со оваа победа и математички обезбеди опстанок во елитата на италијанскиот фудбал.