Никој како нив: Челзи испиша историја во ЛШ

Екипата на Челзи успеа да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите и се пласира во големото финале, а по овој натпревар, колективот испиша историја во европскиот фудбал.

Имено, Челзи е првиот тим кој има екипи во машка и во женска конкуренција во Лигата на шампионите во иста сезона. Мажите успеаја да го елиминираат најтрофејниот клуб во ова натпреварување, додека дамите беа подобри од Баерн Минхен.

Финалето меѓу Челзи и Манчестер Сити во машката Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул на 29 мај, додека кај дамите, англискиот колектив ќе игра против Барселона на 16 мај во Готенбург.