Никој како него: Просинечки е единствен фудбалер со гол за две селекции на СП

Легендата на југословенскиот и хрватскиот фудбал Роберт Просинечки зазема значајно место во историјата на Светските првенства. 

Некогашниот член на Црвена Звезда, Реал Мадрид, Барселона, а сегашен селектор на Босна и Херцеговина е првиот и засега единствениот фудбалер во историјата што постигна гол на Светско првенство со две репрезентации. 

Виртуозот со фудбалската топка својот деби погодок на планетарните собири го постигна во 1990 година на Мундијалот во Италија, кога во дресот на Југославија ја затресе мрежата на Обединетите Арапаски Емирати.

По распаѓањето на Југославија, Просинечки со својата Хрватска настапуваше на Светското првентво во Франција 1998 година, а тогаш на мечот против Јамајка го изненади Барет и ѝ донесе водство на својата селекција од 2-1. 

Просинечки дефинитивно уште долги години ќе биде единствениот фудбалер со ваков подвиг, бидејќи засега нема на повидок распад на некоја фудбалска велесила.