Никој како Мане: Лани дебитираше во ЛШ, а за НЕВЕРУВАЊЕ е неговиот голгетерски скор! 

Фудбалерите на Ливерпул се на уште една пречка до ново финале, второ по ред во Лигата на шампионите, откако ја потврдија надмоќта над Порто и заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри во елитата. 

„Црвените“ по домашните 2-0, вечерва со нова победа од 1-4 го надиграа португалскиот гигант, а човек на одлука на дуелот на „Драгао“ беше Садио Мане, кој со овој погодок зад своето име запиша неверојатен скор. Имено, сенегалскиот репрезентативец во Лигата на шампионите дебитираше лани, но тоа не го спречи да испише историја, бидејќи во двете сезони постигнува барем по еден погодок во секоја фаза.

  • Скорот на Садио Мане во ЛШ од ланската сезона до денес: 

Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со Барселона, која во оваа фаза на доминантен начин со две победи го елиминира Манчестер Јунајтед.