• Саше Љолес

Ѕвездата на Реал Мадрид и на уругвајската репрезентација, Федерико Феде Валверде, зад себе има навистина импресивна сезона, во која успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, а воедно се закити и со бронзениот медал на Копа Америка.
Она што е навистина неверојатно е дека Валверде оваа сезона одигра дури 67 натпревари и успеа да се закити со три титули, а исто така придонесе и со три гола и осум асистенции. Вкупно на терените мина 4.280 минути и беше една од главите алки во тимовите на Карло Анчелоти и Марсело Биелса.
По завршувањето на Копа Америка изјави дека заминува на заслужен одмор, а по враќањето во Шпанија го чека легендарната „осумка“, која досега на грбот ја носеше Германецот Тони Крос.