Никогаш во кариерата никој не го купил, а по настапите за ПСЖ и Баерн пак бесплатно оди „преку барата“!

Интересна е приказната на Ерик Максим Чупо Мотинг. 35-годишниот напаѓач според најавите ќе ја продолжи кариерата во САД, каде што би требало да заигра за Њујорк Ред Булс.

Камерунскиот напаѓач е без клуб откако летово замина од Баерн Минхен кој не сакаше да му го продолжи договорот. Во таборот на баварците мина четири сезони, претходни две години беше дел од ПСЖ, а има искуство во повеќе европски клубови.

Чупо Мотинг своевремено играше за Шалке, Стоук, Мајнц, Хамбургер, Нирнберг... Интересно е дека досега ниту еден клуб не го откупил неговиот договор, туку тој редовно си заминувал како слободен агент по истекот на договорот.

Единствено за него плати Нирнберг кој во 2009 година за 50.000 евра го позајми од Хамбургер на една сезона.