ВИДЕО: Никогаш поубедливо - Црвена Звезда ја прослави 29. титула во Србија

Никогаш подоминантно и полесно Црвена Звезда не ја освоила титулата првак на Србија како оваа година. Овој викенд „црвено-белиот“ гигант, клуб за кој во минатото играле многу македонски легенди како Дојчиновски, Панчев, Најдоски, Канатлароски, Стојковски, Тричковски, Дарко Стојкоски и многу други, математички ја потврди доминацијата.

Црвена звезда стигна до својот 29-ти по победата над Младост со 1-0 со голот на Павков во финишот во 35. коло и напоредното реми на Раднички Ниш против Војводина (0-0).

Звезда се намачи да стигне до титулата, откако Милан Павков погоди во 82. минута од натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: 

Последна мисија за избраниците на Милојевиќ е борбата со Партизан за освојување на Купот  на Србија. Двете екипи ќе се соочат во финалето, а „црвено-белите“ се благи фаворити против тимот на Саво Милошевиќ.