• Горан Упале

Џошуа Кинг, напаѓачот на Ватфорд вели дека неговиот сонародник Ерлинг Халанд (21) е одличен фудбалер, но и човек кој многу јаде.
Младиот Норвежанец постигна 70 гола за Борусија Дортмунд на 69 натпревари, има излезна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, а во ред за него се речиси сите најголеми европски клубови.
„Тој е чудо. Никогаш не сум видел некој да јаде толку многу. Има сè повеќе мускули, сè повеќе расте, но не знам, јаде како мечка. Тој е многу добро момче. Во некои интервјуа тоа не изгледаше така, но тој е скромен - само момче кое ужива во фудбалот“, вели поранешната голема надеж на Манчестер Јунајтед.
Исто така, Кинг откри дека ѕвездата на Борусија Дортмунд е голем фан на Лидс, тим за кој играше неговиот татко Алф Инге.