• Горан Упале
Според некои информации на шпанските медиуми, Нико Вилијамс денес ќе донесе конечна одлука. Барса е подготвена да ја плати клаузулата за фантастичниот шпански фудбалер, која изнесува 60 милиони евра. Атлетик Билбао не сака да го пушти, но ништо не зависи од него.
Но, најверојатно одлуката на младиот офанзивец ќе биде да остане во Билбао уште една сезона. Наводно, поради верување кон неговиот постар брат Ињаки. Имено, Нико му ветил на својот брат дека ќе играат уште една сезона заедно во дресот на Атлетик. Тимот од Билбао ќе игра во Лига Европа, има големи амбиции, а и финалето е на нивниот стадион. Мадридските медиуми шпекулираат дека Нико му ветил на својот брат дека заедно ќе се обидат да го освојат пехарот.
Исто така, таткото и мајката сметаат дека Нико е премлад за да си замине, па се за решение тој да го продолжи договорот на уште една сезона, да остане во Билбао, а потоа да се пресели во Каталонија.
Секако, доколку ја продолжи верноста кон Баскијците, во новиот договор повторно ќе биде ставена клаузулата без која фудбалерот нема да се согласи на потпис.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.