• Сашо Поповски

Нико Ковач ќе се врати во Бундеслигата и ќе ја преземе тренерската позиција во екипата на Волфсбург.
Според последните најави од Германија, хрватскиот стратег ќе го наследи Флоријан Кофелд. Остануваат само детали за да се официјализира потписот на 50-годишникот.
Волфсбург ќе биде третиот германски клуб во кариерата на Ковач. Претходно тој беше дел од екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен.
Последен ангажман му беше во француски Монако, од каде беше ослободен изминатиот јануари.