• Горан Упале
Фудбалската селекција на Нигерија е третиот патник во полуфиналето во Африканскиот Куп на Нации, откако во првиот денешен натпревар од четвртфиналната фаза славеше над Алжир со сигурни 2-0 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Нигеријците, кои пред два месеци ја разочараа нацијата со поразот од Конго со кој останаа без пласман на Светското првенство ова лето, до место меѓу четирите најдобри на континенталното натпреварување стигнаа со два гола во второто полувреме.
Практично, Алжир беше скршен за само десет минути. По само две минути игра во продолжението првата ѕвезда на селекцијата Виктор Осимен, го совлада Зидан за 1-0. Само десет минути подоцна мрежата на Алжир ја стресе и Адамс за конечни 2-0.
Во полуфиналето Нигерија ќе се сретне со домашната селекција на Мароко, додека победникот од средбата вечерва меѓу Брегот на слоновата коска и Египет ќе се соочи со Сенегал.



