ВИДЕО: Нигерија и Ангола сигурни, закажаа четвртфинале на АКН

Првите два нокаут натпревари во Африканскиот Куп на нации не понудија изненадувања и фаворитите одиграа според планот. 

  • Нигерија - Камерун 2-0: 

Нигерија славеше против селекцијата на Камерун со 2-0 (1-0), потврдувајќи ја фаворитската улога. Адемола Лукман беше двоен стрелец за Нигеријците, со што ја донесе победата за својата земја. Прво Нигерија погоди на стартот по девет минути игра, меѓутоа голот беше поништен. Лукман стрела во 36. минута, а потоа и во 90. за конечните 2-0. 

  • Ангола - Намибија 3-0:

Ангола ја совлада Намибија со 3-0 (2-0), во меч кој двете селекции го завршија со по десет играчи. Анголците први останаа со човек помалку, а и покрај тоа поведоа преку Гелсон Дала, а потоа Хауконго доби втора јавна опомена и беше исклучен. Дала пак стрела пред паузата за 2-0, а конечниот резултат го постави Мабулулу по 66 минути игра.