ВИДЕО: Нигерија го слави Ихеаначо, Египет поразен на стартот на АКН

По разочарувачкото реми на бранителот на титулата Алжир против Сиера Леоне (0-0) и вториот натпревар од денешната програма од Африканскиот куп на нациите, не заврши со очекуваниот разултат.

Еден од фаворитите за највисок пласман на овој шампионат, Египет се лизна на отворањето на групата Д, затоа што одигра очајна партија против Нигерија и заслужено загуби со минимални 1-0 (1-0).

  • Извештај од натпреварот:

Египет на чело со најдобриот африкански фудбалер на денешницата, Мохамед Салах, ја имаше улогата на благ фаворит на овој дуел, но настаните на натпреварот донесоа сосема различна ситуација. 

Нигерија беше таа која што ја имаше контролата врз топката во текот на сите 90 минути, креираше повеќе шанси за погодок од противникот, но за трите бода беше доволен само еден. Во 30. минута напаѓачот на Лестер Сити, Келечи Ихеаначо на додавање на Арибо испрати прецизен удар кој заврши зад грбот на Ел Шенај.

Египет долго време бркаше негатива, но немаше вистинска идеја како да го загрози противничкиот гол, а најголемата шанса за израмнување на имаше ѕвездата на Ливерпул, во 71. минута. Во следното коло Нигерија ја чека судир со Судан, додека Египет прва победа ќе брка против Гвинеја Бисау.