• Горан Упале
Нигерискиот фудбалер Амос Дадет ја напушта Македонија и се сели во соседството. По неславната ера во Воска Спорт, 25-годишниот фудбалер замина за Косово, каде што ќе го носи дресот на Приштина.
Дадет покрива неколку позиции во дефанзивата, а одлично може да се снајде и на позицијата дефанзивен играч за врска. Амос Дадет е некогашен играч на Победа, за која настапуваше пред три години.
Нигерискиот фудбалер беше еден од најстандардните во дресот на Воска Спорт во минатата сезона. Одигра вкупно 24 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.