ВИДЕО: Нигериец од српската лига случајно открил дека си ги лажирал годините? 

Нигерискиот фудбалер Адетуњи Расак Адешина настапува за српскиот прволигаш ФК Нови Пазар. Според Трансфермаркт, играчот од средниот ред вреди 1,2 милиони евра и е еден од најдобрите млади играчи во тамошната лига. 

Според официјалните податоци, Адетуњи е роден на 2 декември 2004 година, но на социјалните мрежи се појави видео на кое тој вели дека всушност е роден во 2001 година.

Не се знае дали Адетуњи се збунил или навистина е роден на 2 декември 2001 година. Тој во Нови Пазар пристигна пред две години од нигерискиот Реал Сафир. Адетуњи не би бил првиот фудбалер кој ги лажира своите години. Низа случаи на фалсификување на возраст се познати од различни континенти, но најпознати се оние од Африка.

Во јануари 2023 година, 32 камерунски играчи во националниот тим до 17 години беа тестирани за возраста во пресрет на Африканскиот куп на нации до 17 години. Тестирањето го побара претседателот на здружението Самуел Ето, а после тоа изби скандал бидејќи Камерунците размислуваа на турнирот да ја однесат генерацијата постара од 17 години.