„Ние ќе одигравме многу подобро од тоа што Македонија го направи против Австрија...“

МКД АВС

Македонската репрезентација дебитираше на Европското првенство со негативен резултат. Австрија победи против фудбалерите на Игор Ангеловски, кои долго време беа рамо до рамо со противникот, но на крај примија два гола во финишот.

Поранешниот романски репрезентативец Лусиан Шанмартеан испрати критика на сметка на играта на Македонија. Тој изјави дека неговата Романија повеќе ќе покажеше на дуелот со австриската репрезентација.

„Доколку романската репрезентација беше квалификувана на турнирот, со придонесот на навивачите, со возбудата што ви ја дава домашниот терен, ќе можеше да направи многу повеќе од тоа што го одигра Македонија. Мораме да имаме предвид дека нашите играчи имаат многу поголем индивидуален квалитет.

Имав емоции кога се пееше химната од двете страни. Нема сомнеж дека ќе одигравме подобро од македонските фудбалери. За жал, мора да го гледаме турнирот на телевизија или од трибините“, вели Романецот.

Романија ја надигра Македонија во првото соочување од мундијалските квалификации на домашен терен.