ВИДЕО: Ница од пенал му ја расипа победничката низа на Лион

Екипата на Ница забележа важен триумф во Лига 1 и на домашен терен со минимални 1-0 (0-0) беше подобра од Лион.

„Лавовите“ имаа серија од пет натпревари без пораз, со три победи во низа, но на гостувањето кај Ница се лизнаа и поради победата на Лил направија чекор назад во битката за директно место во Лигата на шампионите.

Единствениот погодок на мечот Ница го постигна од белата точка, во второто полувреме. Домаќинот доби пенал по консултација на судиите со ВАР-технологијата, кој во погодок го претвори Реми Валтер во 69. минута.

Лион е третопласиран во Лига 1 со 43 бода, додека Ница сега е на седмата позиција и има 37 бода, исто колку и Сент Етјен, Марсеј и Монпелје, кои ги чека борба за едното место кое води во Лига Европа.

Желсон Мартин го постигна првиот гол во новиот дрес, но Монако прокоцка победа на гостувањето во Монпеље (2-2).