ВИДЕО: Ница му „откина“ два бода на ПСЖ, победи за Марсеј и Лил

Фудбалерите на Ница успеаја да заминат непоразени од „Паркот на принцовите“ од гостувањето кај ПСЖ (0-0) во рамките на 16. коло во Лига 1. Иако „светците“ доминираа, играа во силен состав со Меси и Мбапе во нападот, не успеаја да го скршат гостинскиот отпор. И покрај многуте шанси пред двата гола, обидите на Хакими, Мбапе, Ди Марија, Мендеш од домашната и Долберг и Клајверт од гостинската екипа не беа реализирани. Мрежите мируваа во текот на целиот натпревар и екипите го поделија пленот.

  • ПСЖ - Ница 0-0: 

Сепак, ПСЖ нема потреба од грижа бидејќи и покрај победата на Марсеј остана далеку на врвот со 41 бод, додека Ница има 27 бода. 

Гостинско славје запиша Олимпик Марсеј во Нант со 0-1 (0-1). Пресметката на „Стејд де Божур“ беше решена со единствениот погодок на Жерсон по половина час игра по асистенција на Паје. Бргу потоа Нант остана со десетмина откако беше исклучен Палоа, па домаќинот немаше сили за кам-бек, а лесно можеше да прими и повеќе голови.​

Ланскиот шампион Лил запиша триумф на тешкото гостување на „Роажон Парк“ кај Рен со 1-2 (0-2). Шека и Ренато Санчез погодуваа за гостите во првото полувреме, за комотна предност која не беше загрозена. Во завршницата Рен се врати резултатски со голот на Бурижо, но не успеа да даде и втор гол па загуби дома.

  • Лион - Ремс 1-2:

На останатите терени бодовите ги поделија Клермон и Ленс (2-2), а кризата продолжи во Лион кој загуби од Ремс (1-2). 

Состави

Маурицио Почетино

4-3-3

    Christophe Galtier

    4-4-2