Ница ја доведе замената на Кефрен Турам, потпиша Танги Ндомбеле

Францускиот прволигаш Ница полека го подготвува теренот за продажба на Кефрен Турам. Ница на својата официјална веб-страница го објави потписот со играчот од средниот ред Танги Ндомбеле.

Договорот со 27-годишниот Французин е со важност до јуни 2026 година. Фудбалерот доби можност да се врати во Франција практично бесплатно, бидејќи по заминувањето од Тотенхем беше во статус на слободен играч. Последната сезона Ндомбеле ја помина во турски Галатасарај на позајмица и забележа 26 настапи и една асистенција.

Кефрен Турам, кој игра на истата позиција, се наоѓа пред потпис со Јувентус.