Ница го промовира новиот „викинг“, Шмајхел се сели на Азурниот брег

Данскиот репрезентативен голман Каспер Шмајхел е нов член на францускиот прволигаш Ница

35-годишникот се реши по единаесет сезони да замине од Лестер Сити и се одлучи за авантура на Азурниот брег на Франција. Ница ќе плати минимална сума од еден милион фунти за трансферот, а Шмајхел веќе е претставен во новата средина. Клубот се пофали со новиот „викинг“ во своите редови. 

Искусниот чувар на мрежата парафира соработка со Ница на три сезони, па шанса за деби ќе има веќе викендов на стартот на новата сезона во Лига 1. Во кариерата освен Лестер, Шмајхел беше дел и од Лидс, Нотс Каунти, Манчестер Сити, Ковентри, Кардиф, Фалкирк, Бери и Дарлингтон.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.