ВИДЕО: Ница ги искористи шансите и ќе се бори за трофејот во Купот на Франција

Фудбалерите на Ница се пласираа во финалето на Купот на Франција, откако во полуфиналето беа подобри од Стразбур и како гости славеа со 0-2 (0-0). 

  • Извештај од натпреварот:

По бледото прво полувреме, следеше многу подобро издание во вторите 45 минути. Стразбур која беше подобриот тим и во првиот дел, и во продолжението доминираше на теренот и создаде повеќе шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот. 

Од друга страна, Ница ги искористи своите шанси, од три обиди, два завршија во мрежата на домаќините. Човек на одлука беше Вал, кој ги постигна двата гола, првиот во 51. минута, додека вториот го постигна од пенал во 82. минута, носејќи голема радост на својот тим.

Противник на Ница за трофејот ќе биде Ланс, кој вчера убедливо го победи Тулуз со 4-1.