ВИДЕО: Ни Стевенс не го „разбуди“ Шалке, Лајпциг се „лизна“ против Келн

Ниту искусниот Хуб Стевенс не успеа да го „разбуди“ заспаниот германски џин Шалке 04, барем не на своето трето деби на клупата на клубот од Гелзенкирхен. Попладнево поранешниот шампион во Бундеслигата забележа нов пораз, со кој останува на последната позиција на табелата со само четири бода, освоени со четири реми исходи.

  • РБ Лајпциг - Келн 0-0: 

Деветтиот овосезонски пораз на Шалке му го нанесе тимот на Арминија Билифилд, кој на „Велтинс Арената“ ја прекина црната серија и со голот на Клос во 53. минута се радува на нови три бода во германската елита. 

Гостинска победа извојува и тимот на Ајнтрахт Франкфурт, кој со сигурни 0-2 славеше над Аугсбург. Стрелци на головите на овој натпревар беа Франбергер, кој во 53. минута несреќно ја затресе сопствената мрежа и Исанкер во 87. минута.

  • Аугсбург - Ајнтрахт Франкфурт 0-2: 

Од денешната програма на Бундеслигата највозбудливо беше во Менхенгладбах, каде дербито меѓу Борусија и Хофенјам заврши со минимална победа на гостинската екипа. Иако домаќиниот преку Штиндл го отвори резултатот и поведе со 0-1, во самиот финиш од натпреварот Хофенхајм успеа да на прави пресврт и со головите на Крамариќ и Сесењон запиша заслужена победа од 1-2. 

  • Борусија Менхенгладбах - Хофенхајм 1-2:

Екипата на Келн повторно изненади еден фаворит за највисок пласман, откако по победата над Борусија Дортмунд пред неколку кола денес успеа да си замине со бод од гостувањето кај РБ Лајпциг, додека на последниот натпревар Вердер Бремен со 0-1 славеше на гостувањето кај Мајнц. 

  • Мајнц 05 - Вердер 0-1: 

Дерби дуелот се игра вечерва на „Баер Арена“ во Леверкузен, а се среќаваат Баер Леверкузен ни Баерн Минхен.