ВИДЕО: Ни почетник не прави ваква грешка – Онана му подари гол на Ливерпул

Екипата на Ливерпул има водство од 1-0 во клучниот дуел од групата Д во Лигата на шампионите, откако Куртис Џонс во 58. минута ја стресе мрежата на Ајакс, откако доби подарок од гостинскиот голман Онана.

Чуварот на мрежата на холандскиот шампион реагираше почетнички по центаршутот на Вилијамс и дозволи Џонс небранет од никого да ја смести топката во празната мрежа на гостите. 

  • Киксот на Онана и голот на Џонс за водство на Ливерпул: 

Доколку Ливерпул извојува победа на овој дуел ќе го завери своето учество во осминафиналето на Лигата на шампионите.