Ни Билиќ, ни Николиќ - „новиот Марсело Биелса“ го презеде Олимпијакос

По дебаклот во квалификациите за Лигата на шампионите, челните лица на Олимпијакос го назначија новиот предводник на тимот.

Педро Мартинс зарабити отказ, а изборот на грчкиот гигант падна кај Шпанецот Карлос Корберан, 39-годишен стручњак, кој претходните две сезони го водеше Хадерсфилд во Чемпионшип. Корберан многумина го гледаат како „новиот Марсело Биелса“ и велат дека неговата фудбалска филозофија на многу начини потсетува на легендарниот Аргентинец.

Во претходните денови како кандидати за седнување на клупата на „црвено-белите“ се споменуваа Србинот Марко Николиќ и Хрватот Славен Билиќ. Според шпанските медиуми грчкиот гигант е во преговори со македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој со својот Леванте испадна од Примера.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.