Н’Голо Канте доби понуда да заигра за европски гигант!

Можете ли да го замислите Канте во дресот на Барселона?

Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесуваат каталонските медиуми. Барселона ќе се обиде да го врати 33-годишниот Французин во Европа. Каталонците беа импресионирани од настапот на играчот на Европското првенство и сакаат да го обезбедат неговиот потпис ова лето.

За Канте е заинтересиран и Вест Хем, но Ал-Итихад ја одби понудата на Англичаните.

Францускиот репрезентативец се пресели во Ал-Итихад во 2023 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.