Незири: Шкендија сезонава цели кон двојна круна!

Фудбалерите на Шкендија во првата рунда на Купот на Македонија ќе му гостуваат на новиот второлигаш Караорман. Тетовчани се фаворит на оваа пресметка, ама јасно е дека домаќинот нема лесно да се предаде. 

Во пресрет на натпреварот од Купот на Македонија, своето мислење го изнесе Меџит Незири, кој најави највисоки клупски амбиции.

„Оваа година целта е двојната круна, трофеи во Купот и ПМФЛ. Иако нашиот прв ривал е тим кој игра во Втората лига, ќе влеземе во натпреварот сериозно. Верувам дека ќе дојдеме до победата, а со тоа ќе се пласираме во следната фаза, а тоа е осминафиналето на Купот“, рече Незири. 

На овој натпревар со Караорман, на клупата по заминувањето на Артим Шаќири ќе седи Скендер Јонузи. Натпреварот во Струга е закажан за в среда со старт во 15:00 часот.