Незири: Нема повеќе лесен противник, ќе дадеме максимум за победа над Брегалница

Екипата на Струга Трим Љум пред својата публика ќе ја пречека Брегалница, во натпревар во кој бодовите се повеќе од важни за двата тима. Без разлика што штипјани се борат за опстанок во елитата, од редовите на шампионот се претпазливи, дефанзивецот Мејит Незири смета дека до крајот на шампионатот нема да има лесен натпревар.

„Влеговме во завршната фаза на првенството. Моментално сме на првото место, првенството е многу изедначено и доста интересно. На секој тим му требаат бодови, дали за опстанок, дали за Европа, па дури и за шампионска титула. Сите знаеме дека титулата не се освојува лесно, па свесни сме дека нема да биде лесно. Ќе се бориме за неа до последен здив, па се надеваме дека ќе бидеме тие што ќе уживаат во титулата. 

Имаме многу квалитетен тим. Сите знаеме дека немаме повеќе простор да испуштиме бодови, па и во недела против Брегалница ќе дадеме сè од себе да го добиеме натпреварот и да им се вратиме на позитивни резултати“, рече Незири.

Натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Брегалница се игра в недела, со почеток од 15:00 часот.