ВИДЕО: Незгодна повреда  - Милинковиќ–Савиќ со солзи на очите го напушти „Сан Сиро“

Еден од најдобрите српски фудбалери, Сергеј Милинковиќ-Савиќ доживеа тешка повреда на синоќешниот натпревар меѓу неговиот Лацио и Милан на „Сан Сиро“. 

Првата ѕвезда на лацијалите уште во раната фаза беше приморан со солзи на очите да се пресели на клупата, откако незгодно се лизна по еден дриблинг на Сусо и настрада неговото колено и скочниот зглоб. 

„Не знаeме за што точно се работи, повредени се неговото колено и скочниот зголб. Но, првичните информации велат дека повредата не е сериозна“, по мечот изјави Симоне Инзаги, тренерот на Лацио. 

Веќе долго време за 24-годишниот офанзивец се шпекулираше дека ова лето ќе направи голем скок во својата кариера и ќе потпише за некој гигант, но доколку се испостави дека повредата е незгодна, тогаш шансите за голем трансфер значително ќе му се намалат. 

Неговиот Лацио со херојска победа од 0-1 успеа да го совлада Милан и да се пласира во финалето на Купот на Италија.