Незапаметена драма: Купија играч 35 секунди пред крај на рокот!

Германскиот бундеслигаш Шалке во самиот финиш од летниот преоден рок го обезбеди потписот на јужнокорејскиот репрезентативец Хванг Хи-Чан, а трансферот бил реализиран буквално во последните секунди пред затворањето на пазарот.

Спортскиот директор на клубот, Франк Бауман, откри дека зделката била на чекор од пропаѓање, бидејќи целокупната документација во системот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) била внесена само 35 секунди пред истекот на рокот.

„Кога добивме потврда дека сè е успешно внесено во системот, останаа само 35 секунди до крајот на преодниот рок“, изјави Бауман, опишувајќи ја драматичната завршница на трансферот.

Хванг пристигнува во Шалке на едногодишна позајмица од англискиот Вулверхемптон, а германскиот клуб обезбеди и можност за негов целосен откуп по крајот на сезоната. Според информациите на британските медиуми, откупната клаузула изнесува околу три милиони евра. За 30-годишниот напаѓач ова претставува враќање во Бундеслигата, каде претходно настапуваше за Хамбургер и РБ Лајпциг.

Јужнокорејскиот репрезентативец пристигна во Вулверхемптон во 2021 година и за англискиот клуб одигра 150 натпревари, на кои постигна 27 голови и забележа 12 асистенции. Најдобрата сезона ја имаше во 2023/24, кога постигна 13 погодоци во дресот на „волците“.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.