ВИДЕО: Незаинтересираниот Дортмунд се предаде во ДФБ Купот

Екипата на Борусија Дортмунд доживеа пораз на гостувањето кај Штутгарт (0-2) и така ги заврши настапите во осминафиналетo од германскиот ДФБ Куп. Ова е своевидно изненадување, бидејќи момците на Един Терзиќ се пред вратите на елиминационата фаза на Лигата на шампионите, но во Купот на Германија не дочекаа пролетни натпревари.

  • Извештај од натпреварот:

„Милионерите“ делуваа незаинтересирано на теренот, тренерот дури и комбинираше со составот, па сите карти ќе бидат фрлени на Бундеслигата и на настапот во Европа.

Штутгарт до победата дојде со два гола во второто полувреме, кога во листата на стрелците се запишаа најдобриот стрелец Серу Гираси, а потоа и Силас. Првиот погоди во 55. минута, а вториот во 78. минута од мечот на „МХП Арената“.

Штутгарт ќе го добие ривалот во четвртфиналето преку ждрепка. Таму се уште Сарбрикен, Борусија Менхенгладбах, Сент Паули, Баер Леверкузен, Кајзерслаутерн и Фортуна Дизелдорф.

Состави

Sebastian Hoeness

5-3-2

    Најнови вести од
    Куп на Германија, Германија