• Саше Љолес
Францускиот ПСЖ би можел да остане без еден од своите важни офанзивни адути, откако Гонсало Рамос сериозно размислува за заминување од актуелниот европски првак.
Португалскиот напаѓач е незадоволен од својата улога, особено поради ограничената минутажа и силната конкуренција во нападот.
Според најавите, Рамос веќе ја информирал управата дека е подготвен да си замине во летниот преоден рок, со цел да пронајде средина каде што ќе има поголема улога и континуитет во играта.
Интерес за него постои од повеќе клубови, особено од Италија, каде што внимателно ја следат неговата ситуација и би можеле да реагираат доколку стане достапен на пазарот.
Иако има договор со ПСЖ до 2028 година, сè поизвесно е дека двете страни би можеле да се разделат доколку пристигне соодветна понуда. Рамос е во Париз веќе три години, а сезонава има учинок од десет гола во сите натпреварувања.






