ВИДЕО: „Незаборавни години“ - Трајковски со видео се простува од Палермо!?

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски многу веројатно ги минува последните денови во редовите на италијански Палермо, клуб за кој настапува од 2015 година. 

Офанзивниот играч за врска објави видео на социјалните мрежи со свои настапи во дресот на сицилијанскиот тим и притоа напиша „Незаборавни години“, што би можело да значи еден вид на збогување со фановите на поранешниот калчолигаш. 

Според последните информации кои доаѓаат од Апенините, Трајковски е многу блиску до премин во редовите на Спортинг Лисабон, како замена за Бруно Фернандез, кој тропа на вратите на „Олд Трафорд“.