• Горан Упале
Семејството Еспосито имаше недела за паметење. Речиси истовремено, браќата Себастијан (22), Франческо Пио (19) и Салваторе (24) ги затресоа противничките мрежи во натпреварите во Серија А и Серија Б.
Тројцата постигнаа вкупно пет гола, а средниот брат тоа го направи во 15. коло од елитното ниво на италијанскиот фудбал. Себастијан, позајмен играч од Интер, придонесе со два гола во убедливата победа на гостувањето на Емполи кај Верона (1-4). Со овој учинок тој стана водечки стрелец на Емполи оваа сезона, а 186 сантиметри високиот напаѓач досега постигна четири гола.
За тоа време неговите браќа блеснаа во 16. коло од пониската лига и ја предводеа Специја до убедлив триумф над Цитадела (5-0).
Франческо Пио Еспозито, исто така позајмен играч на „нероаѕурите“ постигна гол во 34. минута, а најстариот брат во листата на стрелците се запиша во судиското надополнување во првото полувреме. Во второто полувреме нов гол постигна Салваторе Еспозито, кој во 53. минута зголеми на 4-0.