ФОТО: Невреме со дожд го прекина и предвреме го заврши мечот во Скадар

Во централната фаза на второто полувреме започна да врне дожд со јак интензитет и тоа беше дополнителен ривал за двете екипи во второто полувреме. Скоро цело гледалиште незаштитено од дождот си замина, а откако се „отвори небото“ во 75. минута судијата Гочек го прекина натпреварот.

Со оглед на тоа што се одиграни две третини од натпреварот, се очекува одлука. Нема да биде изненадување мечот да биде завршен со постоечките 1-1.