Невреме го одложи тестот на Вардар и Актобе, ќе се игра меч со Септември

Заради големото невреме и обилните дождови што ја зафатија Анталија, најтрофејниот македонски клуб Вардар мораше да направи промена во пријателските средби.

Имено, одложен е подготвилениот пријателски натпревар со Актобе од Казахстан, но затоа утре тимот ќе има нов дуел, против Септември од Софија, прволигаш кај нашиот источен сосед.

Натпреварот меѓу Вардар и Септември Соија ќе се игра од 15.30 часот по локално време.