Невреме го одложи дуелот меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт

Салцбург

Лошите временски услови во Австрија го одложија мечот кој денес требаше да го одиграат Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт.

Потврда стигна од германскиот клуб, кој наведе дека дувало ветар со брзина од 120км/ч.

Гостите имаат одлична можност да се пласираат во следната фаза од Лига Европа, со оглед на тоа што бранат висока предност од 4-1 стекната на првиот натпревар на домашен терен.

Средбата меѓу овие две екипи ќе се одигра утре со почеток од 18:00 часот.