Невозможна прогноза: Го погоди точниот резултат, сите стрелци и автоголот на Демирал

Италија Турција

Италија го започна Европското првенство со убедливо издание во првото коло, во кое се надигруваше со Турција. Избраниците на Роберто Манчини ја продолжија одличната серија победи без примен погодок. 

Еден италијански навивач стана хит преку ноќ на социјалните мрежи. Неговата прогноза за натпреварот на „аѕурите“ ја одушеви фудбалската јавност.

Тој успеа да го погоди точниот резултат, стрелците на головите, дури и автоголот на Демирал.

Се работи за приврзаник на екипата на Лече, кој веднаш стана популарен и доби нови 20.000 следбеници во изминатите 24 часа.