ВИДЕО: Невозможна мисија за противниците - Меси е незадржлив и кога е на земја

Меси дриблинг Уругвај

Лионел Меси беше човекот кој што го постави конечниот резултат и ја спаси Аргентина од пораз во дуелот со Уругвај.

Најдобриот фудбалер на „гаучосите“ покажа дека и кога го губи балансот, знае да се снајде и да ги оневозможи противниците да му ја земат топката.

Во еден момент на пријателската средба во Тел Авив, „десетката“ на Аргентинците падна на земја, но тоа не го спречи да ја продожи акцијата со фантастичен потег.

Фановите веднаш започнаа да коментираат за овој потег на социјалните мрежи, каде видеото од дриблингот на Меси е вистински хит.