• Редакција Gol.mk
На натпреварот меѓу Вардар и Гостивар, Дарко Глишиќ го направи потегот за почит и покажа фер-плеј, „Комитите“ имаа навивачко шоу за почит, но несовесни гледачи на неутралниот дел од трибините во Маџари ја покажаа невкусната страна, затоа што расистички навредуваа фудбалер на ривалот.
Крилниот напаѓач Гоба, кој влезе од клупата имаше размена на зборови со публиката за време на натпреварот на стадионот „Борис Трајковски“. Ситуацијата ескалира на крајот од натпреварот кога тој погоди за 0-2 и сигурна победа на својот тим.
Гоба веднаш се сврти кон трибината и почна да праќа бакнежи, па беше мета на расистички навреди и мајмунски крици. На ваквите работи местото не им е на спортските терени, затоа што никој не заслужува да биде дискриминиран по бојата на кожата.
А, да не говориме за срамот поради фактот дека преносот од натпреварот се емитуваше низ целиот Балкан...