ВИДЕО: Невидена соло-акција и перфектен слободен – Фулам пред финале во плеј-офот

Тимот на Фулам е на чекор до финале во плеј-офот на Чемпионшип, откако на вечерашниот прв полуфинален дуел против Кардиф, како гостин извојува голема победа од 0-2.

Малиот тим од Лондон одигра одлична сезона во втората по ранг англиска лига, а одличната форма ја потврди токму вечерва и со два фантастични гола на еден начин го остави велшкиот клуб без надеж за враќање во Премиер лигата. 

Резултатот на „Кардиф Сити Стадиум“ го отвори Ономах со неверојатен погодок, откако на мал простор си поигра до домашните противници и го стресе Смитс, додека конечните 0-2 ги постави Кебеано по перфектен слободен удар од преку 20 метри. 

Реваншот во Лондон е за три дена, а во првото полуфинале Свонси извојува голема победа и со предност од 0-1 ќе го пречека тимот на Брентфорд.